Состојки:
1 кг брашно
300 г шеќер
250 г омекнат путер
4 јајца
2 кесички ванилин шеќер
1 прашак за пециво
100 мл млеко
Приготвување:
- Изматете ги јајцата, шеќерот, ванилиниот шеќер и омекнатиот путер.
- Во смесата додадете половина од брашното и прашакот за пециво.
- На маса истурете го остатокот од брашното и смесата што ја матевте и замесете тесто.
- Оставете го да се одмори 15 минути, а потоа правете топчиња и печете ги на тостер.