Торта во вид на венчаница

Многу идни невести би сакале да носат ваков фустан, но овој можат, евентуално, само да го изедат како десерт

0
597

Британката Ема Џејн воодушеви со 180 сантиметри висока торта за која се употребени 60 килограми фондан и нешто повеќе од 50 килограми декоративна паста.

За изработката на оваа торта на талентираната слаткарка ѝ требале десет дена, а ја претставила на интернационалното шоу за торти во Лондон.

Дизајнот е на модниот креатор Мак Туманг, односно, како модел употребила еден од впечатливите дизајни на овој креатор и го направила истиот во јадлива верзија. Туманг стасал и лично на шоуто за да се фотографира со оваа неверојатна шеќерна скулптура.

Венчаницата не е прв забележан труд на оваа слаткарка. Пред неколку месеци таа од шеќерна паста и оризови снегулки го изработила ликот на Нејтири од популарниот филм „Аватар“.