Како да направите домашен сладолед за само 10 минути?

Кој вели дека сладоледот мора долго да се чека, па затоа е полесно да се претрча до најблиската продавница и да се купи готов? Најдовме рецепт за најбрзиот домашен сладолед, вкусно и едноставно!

0
1991

Овој начин на правење на сладолед е особено интересен за децата па можете да ги вклучите и нив во процесот на правење.

За подготвување на сладолед од ванила ќе ви бидат потребни:

2 лажици светло кафеав шеќер

200 мл млеко

Малку прав од ванила

100 г сол (може и камена)

Мраз

Вреќичка со затварач од 4 литри

Вреќичка со затварач од 2 литри

Ако сакате некој друг вкус, додадете по желба чоколадо, овошје, јаткасто овошје …

Приготвување:

Помешајте ги шеќерот, млекото и ванилата. Ставете ја смесата во помалата вреќичка и проверете дали е добро затворена.

Сега малку магија: Помешајте ги солта и мразот и ставете ги во поголемата вреќичка. Потоа помалата вреќичка со смесата од млеко и шеќер сместете ја во поголемата, со смесата од мраз и сол.

41

Добро затворете ја и почнете да ја тресете околу 5 до 8 минути.

Вашиот десерт е готов!

5

Со ладна вода исплакнете ја вреќичката со готовиот сладолед за да се измијат остатоците од солта.

Отворете ја вреќичката, и послужете се!

6