Торта од пиво

0
454

Состојки:
За тестото:

8 лажици путер
7 лажици какао во прав
250 г брашно
150 г кафеав шеќер
2 лажици млеко во прав
3 лажички прашак за пециво
2 јајца
500 мл црно пиво
2 лажици шеќер
За кремот:
150 г шеќер
3 лажици брашѓно
300 мл млеко
250 г путер
2 лажички екстракт од ванила

Приготвување:

1. Најпрвин подгответе го кремот
2. Помешајте ги брашното и шеќерот и малку сол па додадете го млекото и варете на средна температура постојано мешајќи.
3. Кога ќе зоврие мешавината, тргнете од оган па префрлете во друг сад, покријте со проѕирна фолија и ставете ја во фрижидер на два часа.
4. За тоа време пригответе го тестото
5. Загрејте ја рерната на 180 степени, а калапот премачкајте го со путер и поросете со какао во прав.
6. Помешајте ги брашното, кафеавиот шеќер, какаото, млекото во прав, прашакот за пециво и малку сол.
7. Во друг сад помешајте ги јајцата, путерот и 400 мл пиво.
8. Мокрите состојки додадете ги кај сувите и мешајте.
9. Префрлете ја смесата во калапот за печење и печете околу 40 минути.
10. Додека се пече тестото, остатокот од пивото ставете го во сад и варете на силен оган додека не зоврие.
11. Тргнете од оган па додадете малку шеќер и оставете го сирупот да се олади.
12. Кога е тестото готово, боцнете неколку мали дупчиња и прелијте со сирупот од пиво и шеќер.
13. Извадете го кремот од фрижидер и оставете го да отстои на собна тенпература околу 20 минути.
14. Додадете го путерот па измешајте со миксер.
15. Додадете екстракт од ванила и помешајте. Распоредете го кремот врз колачот.