Торта од афион со сируп од портокал

0
1098

Состојки:
(за 12 лица)

2 средно големи портокала
3 големи јајца, на собна температура
250 г мек кафен шеќер
290 г мелени бадеми
1 рамно лажиче прашок за пециво
1 рамна лажица семе од афион

За сирупот:
4 мали мандарини без семки
сок од 1 средно голем портокал
150 г сируп за преливање

Приготвување:
1. Намачкајте округло тавче од 23 см, чие дно се вади и ставете хартија за печење.

2. Ставете 2 портокала во сад со ладна вода, загрејте до вриење и варете околу 30 минути или додека омекнат. Префрлете ги во сад со ладна вода да го запрете варењето и оставете ги 5 минути. Исечете ги на парчиња и извадете ги семките. Блендирајте ги портокалите за да добиете мазна пулпа.

3. Загрејте ја рерната на 180° C, ако е со вентилатор на 160° C.

4. Во миксер матете ги јајцата и мекиот кафен шеќер, додека се згуснат 4-5 минути. Полека додајте една третина од бадемите, па додадете го остатокот проследен со прашокот за пециво, семето од афион и портокаловата пулпа.

5. Истурете ја смесата во калапот за торта, изедначете ја површината и печете на средната решетка во рерна околу 45 до 50 минути до златна коричка. Извадете ја тортата, оставете во тавата да се излади 10 минути, а потоа превртете ја на кујнска решетка да се излади целосно. Извадете ја хартијата.

6. Тенко исечете ги мандарините на околу 8 или 9 кругови, отстранете ги краевите и ставете ги во лонец со сокот од портокал и сирупот. Оставете течноста да зоврие и варете 12-15 минути или додека омекнат а сирупот се редуцира и малку згусне. Внимателно префрлете ги на чинија да се изладат. Избоцкајте ја тортата рамномерно, а потоа со лажица преливајте со сирупот.

7. Распоредете ги круговите мандарини врз тортата и префрлете ја на чинија, посипете со уште малку сируп и сервирајте.

Извор: Енди Бејт