Тиква за појадок

0
1152

Не ја викаат залудно тиквата „кралица на есента”.

Бананите се исто така многу здрави, ама не се од нашето поднебје. Има луѓе кои се обидуваат да одгледаат дрво банана, па го виткаат во зима за да го заштитат од судот, но ништо од тоа, бананите сепак не растат тука.

Но затоа имаме тикви, а тие се навистина поубави не само од бананите, туку и од ананас, манго и кокос кои, патем, исто така не се својствени за нашето поднебје.

А тиквите се друга приказна. Ги имаме во изобилие, а од нив навистина може да се направи сѐ. Ако не е многу погодена, односно, не е блага, можете да ја искористите за да направите чорба или пак да ја искомбинирате со црвен грав, црвен кромид и рукола во вкусна салата, пита, пудинг од тиква итн.

Тиквата има високо ниво на антиоксиданси и каротен. Богата е со пектини, шеќери, витамини, особено со витамин Ц и Е.

Со своите лековити својства, идеална е во борба против срцеви заболувања, ризикот од рак, катаракта и мозочен удар.

Исто така, корисните својства на тиквата помагаат да се спречат состојби како воспаленија, камен во бубрег, депресија, кожни проблеми и паразитни инфекции.

Лидер е по содржина на железо кое е важно за крвта, калиум кој е важен за функцијата на срцето, фосфор и калциум кои влијаат врз коските и забите и манган кој ја чува кожата.

Освен тоа, тиквата изобилува со прехранбени влакна и е малку калорична, што ја прави уште попримамлива.

А кога ќе се погоди онаква убава, сува и слатка, доволно е само да се испече и да се ужива во вкусот…уште наутро, како појадок.