Мафини со хељдино брашно и со сѐ и сешто

Еве, ова се едни од оние здрави колачи ама бидете внимателни да не претерате и со здравите состојки, зашто кога се внесуваат во големи количини, и тие дебелат

0
333
Состојки: 

1 шолја од 250 мл брашно од хељда

1/2 шолја кокос

250 мл млеко

2 јајца

100 г путер

2 лажички цимет

1 прашок за пециво

1 лажичка сода бикарбона

1 лажичка мелен ѓумбир

малку каранфилче

сок од 1 портокал (ставете ако ви се чини дека е смесата густа)

1 лажица екстракт од ванила или рум

За заблажување наместо шеќер, во смесата ставете мед или урми или рендано црно чоколадо (ние ставивме од се по нешто)

Сечкани лешници, ореви (по малку)

1 јаболко

Приготвување:

Помешајте ги сите состојки во една чинија.

Во друг сад измешајте ги јајцата, млекото и стопен и изладен путер (ако не ви се чека, путерот можете да го изрендате).

Измешајте ги полека сувите и мокрите состојки.

Ставете ја смесата во подмачкани и набрашнети калапи за мафини и ставете во секое по 3-4 парченца сечкани јаболка.

Печете ги мафините на 180 степени околу 20-30 минути, во зависност од рерната.