Тарт со сливи и ореви

Кога станува збор за тартови, рецептите се разликуваат само во нијанси, но затоа кога станува збор за филот, има илјадници варијанти.

0
392

Состојки:

За тартот:

1 јајце

120 г ладен путер

100 г пченкарно брашно

100 г бело или некое друго

1 рамна лажица шеќер

малку ладна вода (по потреба)

За филот:

3 јајца
100 г шеќер
120 г путер на собна температура
100 г мелени ореви
4 лажици кисела павлака
4 лажици сок од лимон
рендана кора од 1 лимон
6 лажици урда
10-15 сливи
ванилин шеќер
по желба цимет, мускатно оревче
По желба – шеќер во прав за поросување
И уште 50 г сечкани ореви по желба

Приготвување:

Ладниот путер исечете го на парченца и измешајте го со брашното и останатите состојки и замесете тесто. Завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер барем на 1 час.
За филот изматете ги јајцата со шеќерот, па додадете павлака, кора од лимон, сок од лимон и омекнатиот путер. Измешајте добро, а потоа додадете ги мелените ореви и урдата.
Во меѓувреме измијте ги сливите, преполовете ги и ставете им ванилин шеќер и по желба, цимет и други зачини.
Тестото расукајте го на набрашнета подлога и префрлете го во калап за тарт или обична тркалезна тепсија во која сте ставиле хартија за печење или пак сте го намрсиле и набрашниле. Натапкајте го од страните за да ги прекрие рабовите од тепсијата и за да не ви истече филот.
Тестото избоцкајте го со вилушка и ставете го во загреана рерна на 10 минути, а потоа извадете го и распоредете ги сливите, а потоа прелијте ги со филот. одозгора, доколку сакате ставете сечкани ореви.
Вратете го во рерна и печете го 50-60 минути. Кремот нема да биде потполно цврст па не претерувајте со печењето. И ако биде малку течно, тоа е во ред, само ќе биде посочно.