Табуле салата

dm во соработка со професионалниот готвач Филип Ќириќ Ви подготви вкусни и здрави рецепти за сите Вас, гурмани и кулинари, кои сте расположени да одвоите малку време за уживање во јадењето! Сѐ што треба да направите е да си го одберете оброкот кој Вам најинтересно Ви звучи и следејќи ги нашите упатства, да си приготвите оброк, кој покрај тоа што ќе ги награди Вашите сетила,  ќе биде и вистинска награда за Вашиот организам!

0
1407

Сакате да подготвите прекрасна, вкусна и супер здрава салата и да ги изненадите своите гости или пак можеби домашните? Едноставно набавете ги состојките во продолжение и следете ги нашите упатства…

Ние ви предлагаме:

ТАБУЛЕ САЛАТА

  • 70 гр dm Bio булгур
  • 40 гр свеж домат (без семки)
  • 40 гр свежа краставица (без семки)
  • 20 гр црвен кромид
  • 10 гр зачини (нане, босилек, магдонос)
  • 10 гр суво грозје
  • ½ цеден сок од лимон
  • сол и бибер по желба
  • 20 гр dm Bio индиски орев
  • се сервира со грчки јогурт

За еден оброк

Енергетска вредност 462 Kcal
Протеини 12,6 гр
Масти 18,8 гр
Јаглехидрати 63,8 гр

Нутритивните вредности ги пропиша Сања Ќириќ, дипломиран нутриционист.