Супер сочен колач со лимон

Брзо се подготвува, и уште побрзо се јаде. За да не се изненадите, смесата сигурно ќе биде погуста отколку што сте навикнати кога станува збор за смеса за бисквит, но не се секирајте, крајниот резултат ќе ги оправда вашите очекувања.

0
228

Состојки:

18о г путер

180 г шеќер

1 ванилин шеќер

рендана кора од 1 лимон

3 јајца

180 г брашно

1 лажичка прашак за пециво

За преливот:

100 г шеќер во прав

сок од 1 лимон

Приготвување:

Одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги белките во цврст снег и одтавете ги настрана.

Путерот кој претходно стоел на собна температура измешајте го со миксер па додадете ги шеќерот и ванилиниот шеќер, потоа додадете ја ренданата кора од лимон, па жолчките. Мешајте па додавајте наизменично од снегот од белки и од брашното помешано со прашокот за пециво.

Се добро соединете.

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Калапот намрсете го и поросете го со брашно.

Истурете ја смесата и израмнете.

Печете првите 10 минути на 200°C, а потоа намалете на 170°C и печете уште 20 минути. Кога е бисквитот печен извадете го од калапот и оставете го да се олади.

За да го направите преливот, помешајте го шеќерот со сок од лимон, добро соединете ги и прелијте врз изладениот колач.