Состојки:
1 исечкан кромид
2 исечкани домати
¾ шолја преполовени шери домати
½ шолја вода
2 згмечени чешниња лук
1 лажичка сув босилек
1 лажичка кокосово масло
1 лажица јаболков оцет
2 лажички куркума во прав
½ лажичка морска сол
Црн пипер
Приготвување:
- На средно силен оган динстајте ги кромидот и лукот на кокосово масло 1 минута. Додадете ги куркумата и шери доматите. Динстајте додека доматите целосно не омекнат.
- Додадете ја водата и останатите состојки и варете додека не зоврие, а потоа измешајте се со миксер или во блендер.
- Зачинете со сол и со пипер и послужете.