Обичен и сладок компир со буковки во рерна

0
562

Состојки:

2 парчиња сладок компир

2 обични компири

Младо кромитче

300 г буковки

Сол

Бибер во зрна

Маслиново масло

Ловоров лист

Италијанска мешавина од суви зачини (рузмарин, мајчина душица и босилек)

50 грама тврд кашкавал

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени.
  2. Измијте ги убаво компирите и излупете ги па исечете ги грубо на поголеми парчиња и ставете ги во тавата за печење.
  3. Буковките избришете ги и ставете ги врз компирите
  4. Ставете маслиново масло, зачини и многу малку вода и печете околу 20 минути.
  5. На крајот изрендајте малку кашкавал.