Супа од брокула и кашкавал

Брокулата не се наоѓа многу често на нашето мени, а е многу здрава. Во комбинација со кашкавалот, ќе ја сакаат дури и оние на кои обично им се крева коса од самиот поглед на брокула

0
228

Состојки:

Малку путер
1 голема брокула
1 мала главица кромид, ситно сечканa
1 средно голем компир
1/4 чаша брашно
3 чаши супа од коцка
1/4 лажичка свежо рендано морско оревче
1 чаша рендан кашкавал
2 шолји млеко
Сол, бибер
2 млади кромитчиња, тенко исечени

Приготвување:

1. Во лонец ставете го путерот и пропржете го кромидот. Додадете го брашното и добро измешајте го па залијте го со супата.
2. Додадете ги брокулата и компирот и варете додека не омекнат.
3. Намалете ја температурата и додадете го млекото, а кога ќе проврие и кашкавалот.
4. Зачинете по желба и додадете ги ситно исечканите кромитчиња.