Супа од батат и кари со јаболко

0
319

Состојки: 

450 г батат

220 г јаболки

1 лажица маслиново масло

1 кромид

2-3 лажици кари

1 и 3/4 шолја вода

1 и 3/4 шолја свежо цеден сок од јаболка

Сол

180 мл јогурт

Препечено лепче за послужување

Сечкан магдонос

Приготвување:

  1. Излупете ги јаболката и бататот и исечете ги на кришки. Проварете ги во зовриена вода за да омекнат.
  2. Во поголем сад загрејте масло и пропржете ги кромидот и карито. Додадете ја водата и оставете да зоврие.
  3. Тргнете од оган и кога ќе се подолади изматете се заедно (јаболките и бататот заедно со кромидот, водата и карито) со миксер или во блендер. Посолете и додадете го сокот од јаболки и се заедно варете околу 5 минути.
  4. Тргнете од оган и додадете го јогуртот.
  5. Послужете со препечено лепче и поросено со исечкан магдонос.