Подварок, се разбира, посен!

0
3255

Состојки:

1 кисела зелка

1 кромид

Зејтин

2-3 листа ловор

Сол, бибер во зрна

1 шолја ориз

Приготвување:

  1. Зелката се мие за да се отстрани вишокот на сол и киселина и се сече на тенки ленти.
  2. Во тенџере се става зејтин, се сечка кромидот и се пропржува неколку минути. Се додава и зелката и се пржи и таа барем половина час, а потоа се заедно се става во тава. Се додаваат оризот, ловоровиот лист и бибер во зрна, се налева со малку вода и се става во рерна.
  3. Треба да крчка 2-3 часа додека убаво да се свари и да се запече.
  4. По желба, можете да додадете и суво грозје и суви сливи. Секако, доколку ја сакате комбинацијата слатко-кисело.