Сте виделе ли досега вакви џиновски бамји?

Многумина дури и не знаат што е тоа бамја. Што се прави со ова? Се пече, се вари, се динста? Дали се подобри помали или поголеми, и уште многу други прашања се вообичаени од страна на неупатените овие денови на пазарите.

0
619

Овој зеленчук обично се користи во борба против дијабетесот, астмата, за подобрување на имунитетот. Покрај витамин Ц, содржи и магнезиум, калциум, железо кои помагаат организмот да се избори со вируси и настинки. Високиот процент на витамин Ц во бамјите се бори со настинките и го подига имунитетот на целиот организам.

Во некои медицински списанија се форсира како зеленчук кој ги штити бубрезите. Во студијата која била спроведена се наведува дека оние кои јадат бамји секој ден, ги обновуваат своите бубрези подобро отколку секој ден да се придржуваат до диетална храна.

Исто така, благодарение на витаминот К ги јакне и коските и е одличен во борбата против остеопорозата. Бамјата го елиминира и холестеролот.

А како се користи?

Знам некои кои ја сакат малку пропржена, некои благо издинстана, а некои како прилог со месо затоа што сметаат на тоа дека веднаш го побиваат лошиот холестерол кој се наоѓа во сочното парче месо. Помага крвта да се прочисти и да се елиминираат маснотиите од организмот.

Уште една добра работа е тоа што имаат многу малку калории, само 18, па е одлична во време на диета. Со оглед на тоа што се бамјите полни со витамини, одлична е во периодот на чистење на организмот. Заради тоа што содржи влакна, бамјата помага за подобрување на варењето, го регулира шеќерот во крвта, ги спречува првите симптоми на астма и е исклучително корисен зеленчук.