Заблажете се со кекси од наут

Испробајте го овој рецепт од наут и путер од кикирики за вкусни кекси кои се готови за само 15 минути

0
314

Кога ви се јаде нешто благо, направете ги овие кекси на брзина, а бидејќи во нив нема брашно, можете да уживате дури и ако имате проблм со глутенот.

Состојки:

Конзерва наут (или сварете го сами)

150 г путер од кикирики

мед
Прашoк за пециво

ванилин шеќер

прстофат сол

парченца чоколадо

Приготвување:

Ставете ги сите состојки во блендер и измешајте убаво додека несе соединат.

Додадете ги парченцата чоколадо и мешајте уште малку. Формирајте топчиња со влажни раце и наредете ги на тепсија претходно намачкана со путер или врз хартија за печење.

Печете на 175 степени 10 минути.

Фото: Pixabey