Совршен летен колач со боровинки

Совршен летен десерт, кој е вкусен, но и освежителен. Не е комплициран за употреба, а секоја минута што ќе ја вложите во него, на крајот се исплати.

0
270

Состојки:

500 г рикота сирење (или несолена урда)

Кора од 1 лимон

Сок од пола лимон

Сок од пола портокал

70 г шеќер

1 ванилин шеќер

30 г брашно

Прстофат сол

3 јајца

За премачкување:

50 г мармалад од боровница

150 г свежи боровинки

Свежи ливчиња мента

Приготвување:

Помешајте во еден сад рикота, кора од лимон и сок од лимон и портокал. Во друг сад помешајте брашно, шеќер и ванилин шеќер.

Во мешавината со брашно додадете го сирењето па се измешајте со миксер со најмала брзина. На крајот помешајте едно по едно јајце и префрлете ја смесата во мал калап за торта (20 цм) обложен со хартија за печење.

Печете во загреана рерна на 160°C околу 50 минути.

Оставете ја тортата да се лади во изгасена и отворена рерна сѐ додека не се олади до собна температура.

Извадете ја внимателно од калапот, премачкајте ја со мармаладот и целосно изладете ја. Пред послужување украсете ја со свежи боровинки и ливчиња мента.