Сос од печурки

0
517

Овој сос може да се служи со пире од компири или со зеленчук.

Состојки:
1 лажица маслиново масло
4 шолји шечурки, сечкани
2 лажици кромид, сечкан
1 лажица сос од домати
2 лажици сенаменско брашно
3 лажици путер
1 шолја бело вино
2 шолји зеленчукова супа
1 гранче мајчина душица
1 гранче магдонос

Приготвување:
1. Загрејте го маслото на среден оган, додадете ги печурките, посолете и пржете ги околу 2 минути, додека омекнат. Додадете го кромидот и пржете уште една минута. Сипете го сосот од домати и варете 1 минута. Додадете го брашното и 2 лажици путер у пржете уште една минута.

2. Сипете го виното и засилете го огнот. Варете две минути или додека течноста испари. Сипете ја супата, мајчината душичка, магдоносот и оставете да се вари. Намалете го огнот и нека се вари 12 минути.

3. Тргнете го садот од огнот и додадете една лажица путер. Зачинете со сол и пипер.