Со лажичка од овој зачин стопете ги мастите на стомакот

Ако јадете ким секојдневно во период од само 20 дена, има големи шанси да ги изгубите масните наслаги на стомакот.

0
2022

Губењето на тежината е нешто што многумина сакаат да го постигнат и бараат најлесен начин како да го постигнат тоа. Вежбањето и правилната исхрана бараат многу време и труд, а многу често и подлабок џеб.

Меѓутоа, решението можете да го побарате во својата кујна со помош на еден зачин кој ќе ви помогне во топењето на масните наслаги, а нема да ве банкротира.

Кимот е лесно горчлив зачин кој доаѓа од Индија. Но, знаете ли дека овој зачин има и единствена моќ кога станува збор за намалувањето на килограмите? Имено, ако јадете ким секојдневно во период од само 20 дена, има големи шанси да ги изгубите масните наслаги на стомакот.

Исто така, консумирањето на овој зачин по јадењето придонесува до намалување на телесната тежина. Истражувањето за кимот на 88 жени со вишок на килограми покажало дека овој зачин е многу делотворен и за намалување на индексот на телесна маса.

Препорачаната доза е околу 3 грама, односно 1 мала лажичка ким во прав, а можете да го комбинирате  со разни намирници. На пример, можете да го додадете во јогурт, можете да го зачините зеленчукот или да го додадете во преливот за салата или во некој сос.

Дури и ако не ги намалите килограмите, не се грижете, бидејќи кимот нема никакви нус појави, а има многу позитивни здравствени придобивки.