Слатките тајни на тестото со квасец

Почетниците во кујната најчесто го избегнуваат приготвувањето на рецепти со тесто што треба да стасува заоа што мислат дека е комплицирано.

0
486

Иако кога немате искуство во кујната, оние рецепти кои се прават со тесто со квасец кое треба да се чека да стасува, изгледа премногу комплицирано, тоа воопшто не е така.

Еве неколку совети кои ќе ви го олеснат приготвувањето:

Дел од млекото во рецептот заменете го со павлака, па колачот ќе ви биде помек.

Како да знаете дека доволно долго сте го меселе тестото? Сѐ додека селепи на прстите не е добро измесено.

За да биде што помеко, просејте го брашното – во него ќе влезат меурчиња воздух заради кои пецивото на крајот ќ биде помеко и повкусно.

Сите состојки, освен млекото и водата, треба да бидат на собна температура. Течноста во која ќе го растопите квасецот е потребно претходно да се загрее.

Месете го тестото најмалку 5 минути за да биде меко и еластично.

Колачињата кои треба да се обликуваат, обликувајте ги на набрашнета површина за да не се лепат.

Садот во кој е тестото покијте го со чиста кујнска крпа па оставете го тестото да се крева барем еден час на топло место.

Фото: Pixabey