Диета со чоколадо и вино

0
276

Авторите на сиртуинската диета, Ајдан Гогинс и Глен Матен сметаат дека внесувањето на храна која ги активира т.н. сиртуини го поттикнува трошењето на масните наслаги односно слабеењето.

Освен вино и чоколадо, храна која се наоѓа на листата на активатори на сиртуини се и кафето, зелениот чај и јаболките, а самата диета е опишана во книгата The Sirtfood Diet.

Сиртуините се вид на протеини во нашето тело кои учествуваат во регулирањето на бројните важни процеси како што се метаболизмот, стареењето, смртта на клетките или воспаленијата.

Во човечкиот организам постојат 7 различни видови сиртуини, а најистражен е т.н. SIRT1. Се покажало деа токму овој протеин има улога во катаболизмот на мастите и холестеролот во црниот дроб и, меѓу останатото, ја поттикнува оксидацијата на масните киселини.

Иако истражувањата за сиртуините се само на почеток од научната студија на оваа тема даваат причина за оптимизам. Така студијата објавена во 2008.година во списанието Cell Metabolism покажала дека активацијата на SIRT1 ја поттикнува оксидацијата на мастите штитејќи ги од дебелеење глувците кои биле на исхрана богата со масти.

Истата година објавена е и студија во списанието The International Journal of Obesity која покажала значајно поголема активност на SIRT1 кај витките жени во споредба со испитаниците со вишок килограми.

Интересно, авторите на студијата истакнале дека рестрикцијата на внесот на калории може да ги активира сиртуините, а слично поволно дејство нуди и внесувањето на ресвератрол, молекула на која виното ѝ ја должи својата благотворност.

Ресвератрол е прва молекула за која е откриено дека ги актвира сиртуините и со тоа ги „имитира“ дејствијата на калориската рестрикција.

Како што наведува студијата објавена во 2012. година во списанието Biofactors активирајќи ги сиртуините ресвератролот може освен во превенцијата и лекувањето на дебелината да биде од полза и кај дијабетесот, кардиоваскуларните болести и воспаленија. Трудот наведува и други активатори на сиртуините, но стнува збор за материи создадени во лабораторија.

Сиртуинската диета се фокусира на внес на намирници кои ги активираат сиртуините како што се јаболките, цитрусите, боровниците, јагодите, зелениот чај, магдоносот, целерот, кељот, маслиновото масло, капарите, чилито, оревите, како и апсолутните ѕвезди на диетата: црното вино и црното чоколадо.

Интересно, авторите на студијата сметаат дека и кафето може да ги активира сиртуините, па ова е една од ретките диети која го поттикнува внесувањето на кафето. Секако, диетата не подразбира дека се тие единствени намирници во исхраната, туку е таа разновидна со додаток на овие „активатори на сиртуините“ во оброците.

Авторите советуваат и испивање на зелени напитоци – смути, кои содржат кељ, рукола, магдонос, целер, јаболки, сок од лимон или зелен чај, три пати дневно

Предности на диетата

Намирниците чиј внес го поттикнува оваа диета има импресивен нутритивен состав и често се наоѓа на листата на „здрави“ намирници. Освен поволното влијание на линијата, овие намирници помагаат и во заштитата од хронични болести.

Недостатоци на диетата

На диетата ѝ недостасува структура и сѐ е оставени на лична интерпретација. Не е дефинирана количината на намирници која ќе има подовлно дејство што особено може да претставува проблем при внесувањето на црното вино и црното чоколадо, кадешто поголемите количини можат да имаат спротивен резултат.

Диетата е еднодимензионална и не го зема предвид вежбањето како ни психолошките обрасци кои доведуваат до прекумерно внесување на храна. Самата инкорпорација на „активатори на сиртуините“ во исхраната без рестрикции на калорискиот внес тешко може да доведе ди посериозно губење на килограмите.

Мени:

Појадок

Смути од кељ, целер и јаболки

Кафе

Меѓуоброк

Зелен чај

Темно чоколадо, 1 ред

Ручек

Топло-ладна салата од хељда, лосос, рукола, капари, зачинета со маслиново масло и сок од лимон

Црно вино, 1 чаша

Меѓуоброк

Смути од магдонос, кељ, боровници и банана

Вечера

Супа од зелечнук со пилешко

Смути од јаболко и јагоди со додаток на какао и ореви.

Фото: Pixabey