Пилешкото, црвеното месо и печурките не треба да се мијат

0
359

Ако досега секогаш сте го миеле пилешкото месо пред готвење, време е да престанете. Стручњаците велат дека со миењето на пилешкото не го решавате проблемот на бактериите и причинителите на болест, туку само ги проширувате на рацете и на кујнската крпа.

Со миењето на сировото пилешко веројатно ќе ги раширите бактериите по цел кујна, вклучувајќи ги чистите површини како што се просторот а работа икујнските крпи“, наведуваат стручњаците.

Единствен делотворен начин за да ги уништите бактериите е готвењето, а ова правило важи и за рибата и за црвеното месо. Стручњаците советуваат месото евентуално да го избришете со хартиени салфети за да се ослободите од вишокот на влага, но секако и после тоа задолжително дезинфицирајте го садоперот и работната површина.

Освен тоа, немојте да ги миете ниту печурките, затоа што тие во подолг контакт со водата можатда се менуваат во смисол на вкусот и конзистенцијата. Подобро е да се избришат со хартиени салфети за да не ја загубат еластичноста и да не бидат воденести.

Јајцата се истотака една од намирниците кои никогаш неби требало да ги миеме. Стручњаците велат дека на јајцата често се става заштитна супстанца која спречува контаминација со бактерии, а водата ја уништува таа заштита.

Многу луѓе грешат затоа што после варењето ги мијат тестенините, но тоа е погрешно затоа што водата во која се варела тестенината содржи скроб и придонесува за подобар вкус.

Фото: Pixabey