Сладолед за возрасни

0
397

Поптеилс ги спојува двата омилени летни освежителни производи – сладолед (popsicle) и коктел (coctail) и претставува се што ви треба во врелите летни денови.

Овој освежителен леден деликатес на стапче најчесто се подготвува од шампањско и различни комбинации на овошје, но можете да го подготвите и од други алкохолни пијалоци како вотка, рум, џин, па дури и од омилените ликери.

Можете да ги послужите самостојно или да ги додадете во изладена чаша со омилениот пијалок, на пример, шампањско или некое добро вино. Со ваква комбинација ќе направите одличен освежителен напиток со посебен вкус.

Одлична идеја ќе биде и приготвувањето на ледениот напиток од ликер од лимон со додаток на испасирано или цело овошје. Можете да го направите такашто во калапите за сладолед ќе ставите лимончело помешано со вода, а можете да додадете и малку шеќер, малини или боровинки.

Исто така, одлична идеја ќе биде и едноставен спој на блендирана лубеница и вотка. Можете да додадете малку шеќер, а потоа се дополнително да зачините со ливчиња мента или со сок од лимон.

Секако, можете да направите и мојито поптеилс. Се што ви треба е еден милилитар бел рум, шолјичка сок од лимета, ливчиња мента, малку шеќер и два децилитри вода. Добро измешајте ги состојките, додадете парченца лимета, јагоди или друго овошје па добро измешајте, замрзнете и послужете веднаш по вадењето од фрижидер. Поптеилс се фантастичен десерт за дружење со пријателите, но и за самостојно уживање за време на врелите летни денови.