Сировото тесто за колачи не смее да се јаде!

Консумирањето на сирово тесто може да ве доведе во опасност да заболите од Ешерихија Коли, бактерија која е одговорна за болните и упорни инфекции на уринарниот тракт.

0
250

Ако не сега, веројатно сите како мали барем еднаш сте го излижале непеченото тесто кое останало во садот во кој се матело. Еве зошто не треба да се прави тоа.

Кога правите колач можеби одвреме навреме пробувате од тестото или барем од она што ќе ви остане на мешалките од миксерот.

Понекогаш знаеме да им дадеме на децата да го излижат садот во кој сме мателе, а особено е вкусно ако во тестото има и чоколадо. Но, вистина е дека сировото тесто не е за јадење од многу конкретна причина која е опасна за здравјето.

Во текот на годините се вршени разни испитувања токму за ова, колку е штетно да се јаде сирово тесто и што се може оваа навика да предизвика во нашиот организам.

Консумирањето на сирово тесто може да ве доведе во опасност да заболите од Ешерихија Коли, бактерија која е одговорна за болните и упорни инфекции на уринарниот тракт. Ако тоа не е доволно да ве убеди да не јадете сирово тесто, тогаш не знаеме што би можело!

И уште нешто!

Ја знаете онаа ситуација кога на децата им давате тесто да си играат додека вие правите колачи или кифли? Подобро немојте, велат стручњаците.

Единствено тесто кое треба да се јаде е она што е сварено или печено – со термичката обработка го обезбедувате уништувањето на потенцијалните бактерии кои се наоѓаат во него и не мора да се грижите поради никаква зараза.