Сирови бомбици од кокос, какао и цимет

Ако ви треба уште некоја идеја за вкусни празнични колачи, еве едни кои можат да се направат и во последниот момент

0
977

Состојки:

1 рака јаткасти плодови по ваш избор

2 лажици какао

2 лажици кокос

1 лажичка цимет

2 урми (или суви смокви или суво грозје)

1 лажичка кокосово масло

По потреба малку вода

Приготвување:

Ставете ги во блендер јаткастите плодови и урмите. Кога ќе се иситнат, префрлете ги сите во сад и помешајте ги со останатите состојки (какао, кокос, цимет, кокосово масло)

Ако е смесата премногу тврда, додадете малку вода. Ако е премногу ретка, додадете уште кокосово брашно или мелени јаткасти плодови.

Сѐ добро соединете и направете бомбици кои на крајот се валкаат во кокосово брашно или во мелени ореви. Ставете ги во фрижидер барем на половина час пред да почнете да ги консумирате.