Состојки:
1 рака јаткасти плодови по ваш избор
2 лажици какао
2 лажици кокос
1 лажичка цимет
2 урми (или суви смокви или суво грозје)
1 лажичка кокосово масло
По потреба малку вода
Приготвување:
Ставете ги во блендер јаткастите плодови и урмите. Кога ќе се иситнат, префрлете ги сите во сад и помешајте ги со останатите состојки (какао, кокос, цимет, кокосово масло)
Ако е смесата премногу тврда, додадете малку вода. Ако е премногу ретка, додадете уште кокосово брашно или мелени јаткасти плодови.
Сѐ добро соединете и направете бомбици кои на крајот се валкаат во кокосово брашно или во мелени ореви. Ставете ги во фрижидер барем на половина час пред да почнете да ги консумирате.