Состојки:
1,5 шолја брусници
2 јаболка
200 г кафеав шеќер
1 лажица вода
1 лажичка кора од портокал
1 рака ореви
100 г путер
500 г готови кори
Цимет според вкусот
Приготвување:
- Исечкајте ги јаболката.
- Во еден сад измешајте ги брусниците, јаболката, шеќерот, водата, кората од портокал и циметот.
- Варете околу 15 минути додека не добиете погуста течност.
- Додадете ги исечканите ореви и почекајте да се олади.
- Загрејте ја рерната на 200 степени.
- Стопете го путерот и премачкајте ги корите. Полнете ги со филот и завиткајте ги. Повторувајте ја постапката со сите кори па премачкајте ги со остатокот од путерот.
- Печете ги 15 до 20 минути.