Што сѐ можат да лекуваат чудотворните житарки

Оризот го поттикнува варењето, а овесот го регулира холестеролот

0
234

До неодамна во кујната најчесто користевме пченично брашно, но би било навистина штета да не го запознаеме изобилието на, за нас новите, а всушност, древни видови житни култури чии брашна сѐ почесто ги гледаме на полиците за здрава храна.

Јачмен. Ова е една од најстарите одгледани житарки. Богат е со минерали и со поголеми количини витамини од Б групата. Има значителен процент на влакна па го поттикнува варењето и одржува поволна рамнотежа на цревната микрофлора. Содржи глутен.

Ориз. Во споредба со останатите житарки, има најголема енергетска вредност па брзо носи енергија и обезбедува подолго чувство на ситост. Заради својата нутритивна вредност е исклучително корисна за нервниот систем и варењето. Не содржи глутен и е најмалку алергена житарка.

Пченка. Не содржи глутен и е добар извор на витамин Б1, односно, тиамин, и многу други витамини и минерали. Но, има релативно високо гликемиско оптоварување па не е погоден за дијабетичарите.

Камут. Оваа древна египетска пченица, иако е близок роднина на пченицата, повеќето луѓе чувствителни на глутен добро ја поднесуваат затоа што ѝ припаѓа на старата сорта пченица (дурум). Содржи двојно повеќе протеини од пченицата, повеќе минерали, особено магнезиум, селен и цинк, есенцијални масни киселини и 16 аминокиселини.

Просо. Просото е добро за системот за варење затоа што ја подобрува апсорпцијата на хранливи состојки и воспоставува рамнотежа на оштетената цревна флора. Затоа им се препорачува на оние кои пијат антибиотици. Не содржи глутен.

Овес. Содржи низа лековити материи кои го снижуваа нивото на холестерол и на тој начин значително ја намалуваат можноста за заболување на кардиоваскуларниот систем. Не содржи глутен.

Р’ж. По составот е најсличен на пченицата, но со поинаков вид на глутен. Богат е со калциум и железо па има поголема прехранбена вредност од пченицата. Со висок процент на влакна помага во нормализацијата на нивото на холестеролот и шеќерот во крвта па е погодна за дијабетичари и за оние кои се борат со вишокот килограми.

Пченица. Таа е најчесто користена житарка. Содржи големи количини глутен, протеин кој помага при подготвувањето на леб. Најдобра е целата пченица, мелена во камен млин затоа што така ги содржи хранливите нутриенти.

Фото: Pixabay