Слабеењето никогаш не е лесен процес и на истиот влијаат голем број наши навики, а дури и најситната промена може да ни помогне за побрзо симнување на масните наслаги…ѐпомеѓу останатото, британските истражувачи докажале дека консумирањето на една намирниц пред спиење може да ја поттикне побрзата работа на метаболизмот.
Имено, во неодамна спроведеното истражување, кое е објавено во списанието „British Journal of Nutrition“, научниците потврдиле дека е можно килограмите да се намалуваат додека се спие, секако, со коригирана исхрана. Тие откриле и која е таа намирница која треба да ја консумираме пола час пред спиење за да го овозможиме тоа. Станува збор за свежото кравјо сирење.
Научниците утврдиле дека дури и само 30 грама свежо сирење се довони за позитивно да делува на регенерацијата на мускулите и забрзувањето на метаболизмот, а сѐ благодарение на казеинот (млечната белковина која се наоѓа во млечните произвди и во сирењето).
Казеинот се вари подолго и повеќе часови им обезбедува на мускулите вредни белковини, па телото не мора за да добие енергија да посегнува по сопствените белковини, туку ќе се послужи со јаглените хидрати и мастите.
Фото: Pixabay