Палента или качамак: Еден од најздравите и наједноставни оброци на светот

Освен што е вкусна, палентата (или качамак) има бројни здравствени предности, решава помали здравствени проблеми, а идеална е и за бебиња и деца, како и за луѓе кои водат сметка за килограмите.

0
7449

Палентата или качамакот е јадење кое настанало во северна Италија. Од секогаш се сметало за селско јадење, здраво е, вкусно е и ефтино, а може да се консумира на разни начини во комбинација со различни намирници.

Тоа е оброк кој е направен од бел или жолт пченкарен гриз. Пченкарното брашно или гризот имаат многу позитивно влијание на целокупното здравје на човекот. Најважната работа кај ова јадење е фактот што не содржи глутен и може да ја консумира секој, без оглед на возраста.

Идеално е за мали бебиња, за луѓе кои водат сметка за килограмите или пак за оние кои имаат проблеми со системот за варење. Палентата содржи доволно минерали, нутриенти и витамини за да може телото нормално да функционира. Палентата има големо влијание на спречувањето на разни болести, како и на севкупното здравје на човекот. Во својот состав има природни масти, односно каритеноиди и токму тие здрави маснотии поттикнуваат подобра и поквалитетна работа на цревата. Палентата е одлична и за елиминирање на вишокот на килограми затоа што исто така, влијае и на добро и здраво варење на храната.

Пченкарното брашно содржи низа хранливи состојки и е голем извор на фолати, витамини Б6, К и Е, пантотенска киселина, тијамин, рибофлавин и нијацин. Исто така, има голема содржина на фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.

Има многу малку калории и е идеален оброк за слабеење. Сто грама палента содржи околу 380 калории. Таа е одличен избор и како здрав оброк за најмалите, особено во комбинација со јогурт или со некој зеленчук.

Меѓудругото, научно е докажано дека со консумирање на качамак значително се намалува ризикот од појавување на канцер, особено рак на дебело црево, но и од појавување на хемороиди.

Јакнењето на клетките на дебелото црево е исто така уште еден од успесите кои се забележани кај лицата кои ја ставиле палентата во своите редовни оброци. Освен што ќе ги зајакне, палентата ќе делуваШто се однесува до разликата помеѓу купечката палента и домашната, купечката е збогатена со аскорбинска киселина, односно, со витамин Ц и бета каротен, па со тоа е и нешто побогата кога станува збор за витамините А и Ц од домашната, а акога станува збор за калориите, јаглените хидрати и мастите тие се со слична количина во составот на двата вида.

Приготвување на палента:

Палента, односно, качамак може да се приготви на два начини, подеднакво лесни и брзи.

На првиот начин, потребно е да се наполни лонец со 3 ипол шолји вода, во кои се додава малку масло и прстофат сол. Кога ќе провие, температурата се намалува на минимум и се додава една шолја пченкарна палента со константно мешање.

Се прешорачува употреба на дрвена лажица, заради оксидацијата на металните лажици. Во овој вкусен оброк можат да се додадат и некои здрави семки или омилениот зеленчук.

Вториот налин на приготвување е следниот: Ставете во тенџере литар иоол вода и една лажичка сол. Почекајте да зоврие па додадете 500 г пченкарно брашно. Брашното  ќе остане на површината на водата. До дрвено тенко сукало или со врвот од дршката на дрвената лажица се прави дупче на врвот од купчето брашно во водата и се остава да се вари така на умерено тивок оган. По извесно време брашното ќе се стопи со водата, измешајте ја убаво за да не останат грутчиња и подготвена е за консумирање.

Можете да додадете сирење, јогурт, павлака или нешто друго по ваш избор.