Што јадат нутриционистите секој ден?

Постојано слушате „мора да јадете ова, не смеете да јадете она“ и не е тешко човек да се изгуби во сите тие препораки.

0
1114

Разновидната храна е клучна за здравата исхрана.

Важно е секојдневно да внесувате во телото нутритивни материи кои ќе им обезбедат правилна работа на сите органи, а истовремено ќе го намалат ризикот од настанок на разни болести.

Постојано слушате „мора да јадете ова, не смеете да јадете она“ и не е тешко човек да се изгуби во сите тие препораки. Затоа ви составивме листа од намирници кои ги јадат нутриционистите секој ден и им ги препорачуваат на сите.

Ф’стаци

„Иако ги сакам сите јаткасти плодови, а ф’стаците ми се омилени. Две раце ф’стаци имаат само 160 калории и се полни со здрави маснотии. Освен тоа, многу се вкусни“, вели нутриционистот Џој Бауер.

Зелен џус или смути

„Секогаш пијам зелен џус или смути затоа што на тој начин сигурно внесувам во организмот хранливи материи“, објаснува нутриционистката Кети Кавуто.

Кафе, рукола и пуканки

“Верувале или не, но кафето позитивно влијае речиси на целиот организам (мозок, кожа, срце….). Секој ден јадам и рукола затоа што е зелена и го сакам нејзиниот вкус, а пуканките се полни со антиоксиданси и влакна “, тврди Кирстин Киркпатрик – нутриционистка и велнес менаџер.

Кисело млеко и чоколадо

Киселото млеко е протеинска, хранлива намирница со малку калории. Извонредно е за комбинирање со овошје. Еден ред црно чоколадо е добро за крвните жили и го намалува ризикот од срцев и мозочен удар“, вели Џеклин Лондон, клинички доктор во болницата Mount Sinai.

Салата

„Речиси секоја вечера ја почнувам со салата. Салата, краставици, домати, црвен кромид и бадеми се моја омилена комбинација “, вели Кери Ганс – автор на The Small Change Diet.

Јајца и салата

„Јајца јадам речиси секој ден. Сметам дека се совршена намирница за појадок. Богати се со протеини и заедно цо целозрнест леб и малку свеж зеленчук по избор се идеална намирница за да се почне денот“, вели нутриционистката Брук Алперт.