И тоа е можно: Здрава пица  

Едноставна, вкусна, а здрава пица без брашно. Веројатно звучи невозможно, но овој рецепт докажува дека е можно!

0
605

На повеќето луѓе пицата им е омилена храна и тешко ѝ одолеваат. Во Италија постојат одредени закони кои ги контролираат состојките од кои се прави и што точно треба да содржи. Таквата пица е исклучително здрава затоа што изобилува со антиоксиданси, бета-каротен, витамин Ц итн. За жал, водењето здрав живот кај нас, како и во други земји, баш и не го вклучува нејзиното консумирање затоа што е ставена на листата на „брза и нездрава“ храна, која содржи големи количини масти, калории и јагленохидрати.

Е сега за да стане ова висококалорично јадење такво во кое ќе можете да уживате без грижа на совест, треба првенствено да се смени тестото, пченичното брашно да се замени со интегрално или пак, како во случајов, целосно да се исфрли и да се замени со карфиол.

Да, да, со карфиол!

Нема да се разочарате од вкусот.

Состојки:

500 г карфиол

1 јајце

Сол и црн пипер

1 лажица маслиново масло

За филот:

Сос од домати

Моцарела

Грана падано кашкавал

Шери домати

Маслинки

Оригано

Приготвување:

  1. Карфиолот иситнете го на мали парченца, ставете го во тенџере и сварете го.
  2. Иситнете со миксер, ставете во крпа и добро исцедете.
  3. Во сад измешајте го пирето од карфиол со едно јајце, зачинете и додадете 1 лажица маслиново масло.
  4. Од смесата обликувајте круг и ставете го во рерна на 200°C да с епече околу 30 минути.
  5. Наредете ги состојките за фил по желба и вратете во рерна додека да се растопи кашкавалот.