Шпанска супа

Оваа супа е едно од традиционалните шпански јадења кои секако морате да ги пробате

0
392

Состојки:

800 г домати

2 мали краставички

Малку рузмарин

Малку магдонос

1 кришка леб

2 чешниња лук

1 лажица маслиново масло

Малку сол, малку шеќер

 

Приготвување:

  1. Земете една кришка леб и исечете ја на мали парченца па оставете ја да се натопи во малку вода. Кога ќе омекне ставете ја во блендер.
  2. Додадете ги доматите, краставичките и лукот и се добро измешајте.
  3. Додадете малку вода и зачини по желба се додека не ја постигнете саканата густина.
  4. Пред послужување оставете ја кратко во фрижидер.