Само 20 бадеми на ден можат да направат неверојатни нешта за вашето здравје

0
744

Сите знаеме дека бадемите, како и другите јаткасти плодови се одличен извор на здрави масти. Јаткастите плодови се генерално полни со протеини и помагаат за изградба на мускулите, а исто така обезбедуваат и дополнителна енергија. Но бадемите прават и повеќе од тоа.

Зошто баш 20 бадеми?

Бадемите и генерално, јаткастите плодови се здрави, но и богати со калории. Во 20 бадеми има околу 163 калории, што е прифатливо за една ужина. Освен тоа, во нив има и 12 грама главно незаситени масти, 3 грама влакна и помалку од грам шеќери.
Еве што можете да очекувате ако јадете по 20 бадеми дневно.

Ќе имате подобро варење

Оваа количина бадеми на дневна база е одлична за варењето. Не само што ја подобрува цревната микрофлора, туку го зголемува и бројот на добри бактерии и го намалува бројот на лошите, кои се поврзани со низа проблеми како дијабетес тип 2, срцеви болести, ментални проблеми, астма, проблеми со кожата, па дури и рак.

Ќе бидете подолго сити

Кога ќе ве фати желба за слатко, посегнете по бадмеи. Ќе ве заситат, а ќе спречат да се прејадете, главно во вечерните часови. До ситост доаѓа заради протеините, влакната и маснотите со кои се богати. Стручњаците велат дека трикот е во тоа да ги џвакате што подолго, наместо да ги издете во секунда.

Ќе ја задоволите дневната потреба за рибофлавин и витамин Е

Рибофлавинот е важна хранлива материја за која се смета дека помага да се спречат бројни здравствени проблеми, вклучувајќи мигрени, акни, грчеви во мускулите, синдром на карпален тунел, рак на вратот на матката… Јадењето на 20 бадеми дневно ќе ви донесат околу 1/5 од препорачаната дневна количина (остатокот можете да го добиете од свинско месо, јајца, банани, авокадо, млеко и спанаќ.

Витаминот Е е антиоксиданс кој може да го подобри здравјето на срцето и да го поддржи системот за имунитет, а да не ја соменуваме мазната кожа и блескавата коса.
Само 20 бадеми нудат речиси пола од вашата дневна препорачана доза за витамин Е. Други големи извори на витамин E вклучувајќи ги и морските плодови, овопјето (киви, манго, капини, кајсии и авокадо) и зеленчук како брокулата, црвена пиперка, спанаќ и шпароги.

Ќе го забрзате метаболизмот

Бадемите содржат мали количини витамин Б-комплекс кои го поттикнуваатметаболизмот.
Тоа доведува до зголемено согорување на мастите, и тоа, особено околу стомакот.
Ќе имате посилни коски
Оваа количина бадеми секојдневно исполнува околу 20 отсто од вашата дневна потреба за магнезиум и фосфор, кои се клучни за густината на коските.
Ќе го подобрите здравјето на срцето
Помагаат во снижувањето на лошиот холестерол кој може да доведе до таложење на плак во крвните садови. Исто така, бадемите се поврзани со намалување на хроничните воспаленија кои најмногу придонесуваат за срцевите болести.
Генерално, јаткастите плодови можатда го намалат ризикот од создавање крвни згрутчувања, што може да предизвика фатален срцев удар. Помеѓу состојките на бадемот кои се одлични засрцето се вбројуваат незаситените масти, омега-3 масните киселини, влакната, витаминот Е….

Фото: Unsplash