Салата со печени компири, маслинки и јајца

Компирите и јајцата се додаваат во салатата додека се топли. Прекрасна комбинација од свежа салата и печени компири

0
306

Состојки:

За салатата:
500 г компири
250 г боранија
3-4 јајца
100 г свежа салата
18 маслинки
12 шери домати
Путер или маслиново масло за пржење

За преливот:
Сок од 1 лимон
4 лажици маслиново масло
1 чешне лук
1 ½ лажичка јаворов сируп
Сол, бибер
Семки од тиква за украсување

Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 180˚C.
2. Исечете ги компирите на поголеми парчиња, а ако се мали, на половинки. Полејте ги обилно со масло, зачинете ги со сол и со бибер и оставете ги да се печат.
3. Во зовриена вода попарете ја боранијата и варете ја две минути пред да ја полиете и комплетно да ја изладите со ладна вода.
4. Сварете ги јајцата. Излупете ги и пресечете ги на половини.
5. Помешајте ги во сад сите состојки за преливот.
6. Сервирајте ги состојките за салата во една чинија и прелијте ги со приготвениот прелив. Поросете со семки од тиква.