Дагњи на бузара

0
671

Состојки:

3 чешниња лук

0,3 дл маслиново масло

2 кг дагњи

Малку сол

Малку вегета

200 мл бело вино

вода

Приготвување:

  1. Дагњите на бузара не се комплицирани за правење и единствено што е проблематично во овој рецепт особено ако сакате да ги направите во овој период од годината и тоа во вашата кујна, е да најдете свежи дагњи. Ако успеете да ги снабдите, тогаш прво што треба да направите е да ги измиете и да ги исчистите убаво. За ова ви е доволна вода.
  2. Откако ќе завршите со чистењето во голем сад додадете лук, маслиново масло и сол. Ако сакате можете да ставите и малку вегета.
  3. Помешајте ги сите состојки, додадете ги дагњите на крајот и ставете ги да се варат. Јадењето е готово кога дагњите ќе се отворат, а нема да погрешите ако додадете и малку бело вино. Вкусниот сос кој ќе го добиете најмногу се должи на сокот што го пуштаат дагњите додека се варат.
  4. Сервирајте ги со лепче кое ќе ви послужи слатко да си го измакате сосот.