Еве рецепт за една вкусна чоколадна овесна каша со чиа семе.
Состојки (за 2 порции):
4 полни лажици овесни снегулки
2 лажици чиа семе
1 лажица путер од кикирики или евентуално кокосово масло
Околу 300 мл млеко
1 лажица какао во прав
2 реда црно чоколадо со 70% какао
Мед по вкус
Банана, ореви или нешто слично како додаток.
Приготвување:
Овесните снегулки можете да ги исечкате малку, не мора да ги мелете во блендер. Ставете ги во сад па додадете млеко, чиа семе и какао и ставете на оган па почекајте да зоврие. Тргнете го садот од оган, додадете го чоколадото и помешајте. Оставете го чоколадото да се стопи, а овесо и чиа семето да набабрат. Додадете путер и мед и послужете топло, со додаток од банани и ореви.