Слој торта, исечкани јагоди, три пакети стапчиња од јагоди, вафли, крем од ванила и малина и 22 топки сладолед. Тоа е содржината на еден од попримамливите, но по малку и застрашувачките сладоледни купови кои се служат во Бангкок.
Цената на неколку килограми тешкиот десерт е 87 долари, а доволен е за 15 луѓе. Ако некој и се одважи да јаде сам, вреаботените веднаш му носат дрвен прибор со прикладна големина.
Во понудата се и други овошни комбинации, а помеѓу попопуларните е и оној со банани и Ferrero Rocher топчиња.