Кренвишлите предизвикуваат рак?

0
1336

Кренвишлите им се на многумина омилена брза храна, а особено на децата. Но дали знаете што всушност има во нив? Кога консумирате одредена храна, добро е да го знаете и процесот кој се крие зад нејзиното производство. Еве неколку основни информации за кренвишлите.

1) Потекло на името

Американците ги нарекуваат „hot-dog“, затоа што ретко ги јадат сами, туку исклучиво во кифла со сенф и со кечап. Самата кренвишла е помлад роднина на колбасите. Колбас или „sausage“ на англиски, води потекло од латинскиот збор „sal“ што значи сол, а и не е чудно затоа што кренвишлите се преполни со сол. Некогаш солта се користела за храната да трае подолго.

2) Колку луѓето сакаат кренвишли

Велат дека Американците јадат околу 20 милијарди кренвишли годишно. Тие обожаваат да ги јадат во лето печени на скара, а хот-дог е составен дел од секој бејзбол натпревар.

3) Што се крие во кренвишлите?

Тие се прават пред се, од месо, од масти од животинско потекло, брашно или овес, белки и зачини. Некогаш за правење на облиците по кои се кренвишлите познати се користеле животински изнутрици, црева, а сега за тоа се користат вешптачки пакувања од колаген. Меѓутоа, кренвишлите што ги купоувате во готовите пакувања имаат уште нешто освен горе наведените состојки. Во нив може да се најде механички раздвоено месо, фруктозен сируп, говедски бујон, натриум нитрат и натриум ериторбат.

4) Здравствен осврт

Американското здружение за истражување на канцерот тврди дека нитратите и нитритите во кренвишлите во едно истражување предизвикале рак кај животните кои се хранеле со нив. Консумирањето на гоема количина на кренвишли, сланина и месни преработки како што е куленот, го зголемува ризикот од добивање на рак на дебелото црево. Голема количина на кренвишли подразбира 5-6 кремвишли неделно кај мажите и 2-3 кај жените.