Раженчиња со суви сливи и салата

0
319

Состојки:
200 г зелена салата
200 г црвен кромид
300 г круши
Сок од 1 лимон
100 г чадена сланина
200 г суви сливи
1 лажица масло
2 лажици оцет
Сол, црн пипер

Приготвување:
1. Сувите сливи завиткајте ги во сланина и прицврстете ја со чепкалка. Раженчињата пропржете ги на загреано масло додека не станат крцкави. Зелената салата исечете ја на помали парчиња, крушите на коцки, а кромидот на тркалца.
2. Ставете ги во чинија, прелијте со сок од лимон и измешајте. Сервирајте ја салатата на чинија, прелијте ја со масло, оцет и зачинете.
3. Врз салатата наредете ги раженчињата од суви сливи и послужете.