Ролат со спанаќ и велигденски јајца

Ролатот е лесен за правење и идеален начин да ги искористите сите оние велигденски јајца кои повеќе никој не сака да ги јаде.

0
990

Состојки:
За ролатот:

6 јајца
300 г бланширан и смелен спанаќ (или блитва)
120 г брашно
1 лажичка сол

За филот:
250 г крем сирење
150 г рендана шунка
2 варени јајца
4 чешниња пасиран лук
2 лажици кисела павлака
1 лажица сечкан магдонос
100 г рендан кашкавал
Сол и црн пипер

И уште:
4 варени јајца

Приготвување:

1. Спанаќот (или блитвата) измијте го убаво и избланширајте го. Прелијте го со ладна вода, исцедете го и ситно исечкајте го.
2. Јајцата изматете ги со малку сол (по ваш вкус) и постепено додавајте го брашното, а на крајот и спанаќот.
3. Подмачкајте ја тепсијата и ставете ја смесата да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 10-12 минути.
4. Испечениот ролат превртете го на кујнска крпа и завиткајте го во ролат па оставете го да се олади.
5. Две од варените јајца исечкајте ги и оставете ги настрана. Во поголем сад изматете го крем сирењето со 2 лажици кисела павлака и во смесата додадете пасиран лук, рендана шунка и рендан кашкавал, ситно исечкан магдонос, сол и црн пипер, додадете иги ситно сечканите јајца и измешајте.
6. Одвиткајте го ролатот и премачкајте го со смесата и почеток од ролатот наредете ги сварените јајца и завиткајте го ролатот заедно со алуминиумска фолија, па оставете го во фрижидер да се стегне неколку часа..
7. Пред служење, украсете по желба и исечете на парчиња со дебелина од 2 цм и послужете.