Состојки:
1/2 шолја сирење
2 1/2 лажици исечкан свеж босилек
4 лажици маслиново масло
2 лажици рендана кора од лимон
1/2 лажица свежо мелен црн пипер
1/4 лажичка сол
20 г пармезан
16 коцки лиснато тесто (можете да ги обликувате во кругови, како на сликата)
8 цели жолчки
1 белка од јајце, изматена
4 лажици сечкан свеж власец
Рендана кора од лимон (по желба)
Приготвување:
- Измешајте ги првите 7 состојки во мал сад.
- Развлечете ги тестата колку што можете потенко и ставете во средина од кругот по 1 лажица од приготвениот фил во средината на секое тесто и благо притиснете го со задниот дел од лажица во форма на гнездо во кое ќе ставате по една цела жолчка на секое тесто.
- Премачкајте ги страните со изматената белка и одозгора затворете ги со по уште едно развлечено тесто во форма на круг.
- Спуштајте ги на 1 до 2 минути во вода што врие и вадете ги внимателно со лажица – решетка. Наросјете ги со исечкан власец и по желба со рендана кора од лимон. Послужете веднаш.