Состојки:
2 шолји пченкарно брашно
1 шолја бело брашно
3 јајца
1 прашак за пециво
1 шолја јогурт
½ шолја кисела вода
½ шолја зејтин
Ситно сечкан праз по желба
200 г здробено сирење
Ким за поросување
Приготвување:
- Во длабок сад изматете ги јајцата, па полека додавајте ги течните, а потоа и сувите состојки.
- Додадете ги ситно сечканиот праз и здробеното сирење, измешајте со лажица и истурете ја смесата во подмачкана тепсија или во тепсија со хартија за печење. Поросете со ким и печете околу 30-40 минути.