Кои намирници треба да се јадат со лушпа?

Обичниот и слаткиот компир, доматите, краставиците, морковите и јаболката содржат повеќе витамини и други корисни состојки во лушпата отколку во плодот, па би било добро да се консумираат цели доколку сте сигурни во нивното потекло

0
2474

Погледнете кои намирници не би требало да ги лупите пред нивно приготвување и консумирање, бидејќи нивната кора содржи бројни витамини кои се неопходни за нашиот организам. Секако, тука е секогаш и прашањето за потеклото и на одгледување на намирниците, па овие совети треба да ги следите само доколку станува збор за производи со органско потекло.

Компири

Во кората на компирот се кријат и до 20% од вкупните витамини како што е витаминот Б. Можете да го печете пресечен на половина.

Домати

Кората од доматот е богата со фитонутриенти, насунин кој го спречува оштетувањето на клетките, а со тоа го спречува предвременото стареење и болестите.

Сладок компир

Повеќето хранливи состојки претежно се наоѓаат во кората. Содржи витамин Ц, калиум и бетакаротен, состојки неопходни за силен имунитет, добар вид и здрава слузокожа на грлото и носот.

Краставица

Кората од краставицата е богата со антиоксиданси и влакна кои го јакнат имунитетот, спречуваат опстипација и благотворно делуваат врз здравјето на системот за варење.

Морков

Морковот треба многу добро да се измие и таков може да се јаде, препорачуваат нутриционистите. Во неговата кора се кријат антиоксиданси и витамин А кои го чуваат видот, здравјето на косата и ноктите, а студиите покажаа дека го намалуваат и ризикот од рак.

Јаболки

Во кората на јаболкото се кријат кверцетин, витамин Ц и тритерпеноиди кои делуваат антиканцерогено. Студиите потврдуваат дека консумирањето на јаболко со кора ги олеснува проблемите со дишењето, го продолжува чувството на ситост и го подобрува памтењето.