Посен колач со моркови, јаболка и батат

Многу лесно, брзо и што е најважно, многу вкусно и многу здраво, Може да помине и како роденденски колач за оние кои не се по правењето торти,

0
417

Најмногу време ќе ви одземе рендањето на морковите, јаболката и бататот.

Во зависност од големината на тавата прилагодете го рецептот. Нашиот колач излезе  малку потенок, но сепак е вкусен.

Состојки:

1 шолја рендани јаболка

1 шолја рендан батат (сладок компир)

1 шолја рендани моркови

1 ванилин шеќер

1 лажица рум

малку цимет

1/2 шолја кафеав шеќер (излезе дека е ова премногу благо, па можете да намалите, особено ако како и ние, додадете 3-4 сечкани урми)

1/2 растопено кокосово масло

1/2 шолја оризово млеко

1 прашок за пециво

1 шолја гриз

1/2 интегрално брашно

црно чоколадо за преливот

Приготвување:

Излупете ги морковите, јаболката и бататот и изрендајте ги, додадете го шеќерот и ванилиниот шеќер, 1 лажица рум и малку цимет.

Во друг сад измешајте ги останатите состојки па додадете ги морковите, јаболката и бататот, убаво измешајте и ставете во подмачкано тавче.

Печете 30-40 минути во загреана рерна на 190 степени.

Стопете го чоколадото со малку вода и прелијте го колачот.