Посни кифлички со праз и печурки

Дали заради филот или заради нешто друго, но имаат вкус на пита. Премачкани со малку посен мајонез, поросени со семки од тиква, изедени веднаш!

0
408

Состојки:

1 кг брашно

500 мл топла вода

1 сув или свеж квасец

2 лажички шеќер

2 лажички сол

1,5 дцл масло

2-3 лажички посен мајонез

100 г маргарин

семки од тиква (или некои други по ваш избор)

Приготвување:

Ако користите сув квасец, ставете го веднаш во брашното, заедно со шеќерот, солта, маслото и водата. Замесете тесто, покријте го со крпа и оставете го половина час.

Потоа премесете го тестото и поделете го на 5 топчиња.

Оставете ги уште 10-15 минути па расукајте ги едно по едно во круг, поделете го секој на осум триаголници, полнете ги со филот (пропржен сечкан праз со сечкани свежи печурки, сол и црн пипер), намачкајте ги одозгора по малку со посен мајонез, ставете по неколку семки од тиква и ставете ги да се печат во загреана рерна.

Кога ќе се испечат премачкајте ги со топол растопен маргарин и покријте ги со крпа.