Полнет батат

0
344

Состојки:

4 слатки компири

300 г мелено месо

1 кромид

2 чешниња лук

1 конзерва сечкани лупени домати

сол и црн пипер по вкус

½ лажичка ким

1/2 лажичка чили

1 сечкано чили пиперче

4 млади кромитчиња

Кашкавал

маслиново масло.

Приготвување:

  1. Рерната вклучете ја на 200 степени. Слаткиот компир убаво измијте го, завиткајте го во алуминиумска фолија, наредете го во тавата за печење и печете околу 1 час и 15 минути. Дали е печен проверете со чепкалка.
  2. Додека компирот се пече, подгответе го филот. Лукот и кромидот ситно исечкајте ги. На малку маслиново масло во тавче пропржете го кромидот, па додадете го меленото месо. Кога месото ќе добие боја, додадете ги доматите, додадете го и лукот и зачинете. Помешајте и оставете да се крчка на средна температура додека не се згусне. Од време на време промешајте. Пред крај додадете уште зачин по вкус.
  3. Кога компирот ќе биде испечен, внимателно извадете го од фолијата, ставете го на чинија за сервирање, па засечете го на средина, но не од крај до крај. Наполнете го со месото, и најгоре наросете рендан кашкавал, сечкана чили пиперка и сечкан млад кромид.