Плочки од брусница

0
936

Состојки:
500 грама смрзнати или свежи брусници
200 мл обезмастено млеко
¼ шолја сок од лимон
3 жолчки од јајце
¾ шолја сенаменско брашно
⅓ шолја брашно грахам
¼ шолја шеќер
½ лажичка сол
6 лажици путер, стопен па изладен
½ лажичка ванилин екстракт

Приготвување:
1. За филот, сварете ги брусниците во половина шолја вода. Потоа намалете ја температурата на средно, и варете десет минути или додека брусниците омекнат. Изладете ги и изблендирајте ги додека добиете мазна смеса. Потоа прецедете ги низ цедалка, за да добиете околу една шолја пире.

2. Префрлете го пирето во сад и додајте ги млекото и сокот од лимон. Додајте ги жолчките од јајцата.

3. За да ја направите кората, загрејте ја рерната на 200 степени, ставете хартија за печење врз плехот и попрскајте ја со спреј за готвење.

4. Изматете ги заедно брашното, шеќерот и солта. Додајте го путерот и екстрактот од ванила. Сипете ја смесата во плехот и печете 35 минути. Намалете ја температурата на 150 степени, па печете уште 23-28 минути. Потоа извадете го плехот и замрзнете ја кората додека да се стврдне.

5. Извадете го десертот од плехот и исечете го на 25 плочки. Послужете ги ладни или на собна температура.