Песто од босилек

Нема ништо поубаво од дома подготвено песто со свеж босилек и лук.

0
737

Состојки:

3-4 шолји ливчиња босилек
3 чешниња лук
100 г пармезан
1-1,5 дл маслиново масло
сол по потреба

(Ако имате, убаво би било да ставите и малку пињоли.)

Приготвување:

  1. Измијте го босилекот и измешајте го во блендер со лук и со пињоли.
  2. Додадете пармезан, постепено долевајте маслиново масло и мешајте додека се не се соедини во компактна смеса.

Напомена: Пестото правете го само од ливчиња босилек, а цветовите и гранките одвојте ги затоа што даваат горчлив вкус.